Програма на маратонот

ПРОГРАМА НА МАРАТОНОТ

Должината на асфалтираната патека на Меѓународниот Атлетски Маратон Охрид е 30 километри. Се трча долж крајбрежјето на Охридското Езеро со многу нагорнини и надолнини.

Учесниците се поделени во 2 категории, итоа:

Прва: мажи од сите возрасти;

Втора: жени од сите возрасти.

Настанот ќе се одржи на 08.09.2015 со старт во 09:00 часот за двете категории.

Стартот на маратонската патека е од караулата (граничен столб Ф1) кај Св. Наум, а целта е кај Дом на Култура “Григор Прличев” во центарот на Охрид.

Закрепителни станици долж патеката ќе се поставени на 7 пункта, итоа: с. Љубаништа; с. Трпејца; с. Пештани; “Мак-цвет” – с. Коњско, населба Орце Николов, населба Рача и на целта кај Дом на Култура “Григор Прличев” во центарот на Охрид.

Подигнувањето на стартните пакети ќе биде на 7ми Септември во Спортско- рекреативниот центар “Бијанини Извори” од 12:00 до 20:00 часот, каде се плаќа котизација за учество во вредност од 10 евра.

Огранизациониот одбор на Меѓународен Атлетски Маратон Охрид обезбедува бесплатно сместување со два оброци (вечера и доручек) за сите учесници на маратонот, како и превоз до стартната точка на трката.

plakata-iamo