Иницијативниот одбор на здружение Охридски Атлетски Маратон 2012 и оваа година продолжува со традицијата Атлетски Маратон Св.наум-Охрид. Истиот во континуитет се одржуваше од 1976 година до 1993 година. Оваа манифестација прерасна од Општински, Сојузен па до Меѓународен Атлетски Маратон, бројот на учесници се зголемуваше од 4 до рекордни 150 учесници во 2017 година. Оваа година, покрај традиционалната 30-километарска патека, љубителите на трчањето можат да се пријават и на штафетна трка во 3 делници од по 10км. Првата делница завршува во с. Трпејца. Втората делница завршува во населба Лагадин, и третата делница завршува на целта. Подигнувањето на стартните пакети за сите пријавени ќе се одржува во Спортската сала Билјанини Изворти – Охрид, од 12:00 до 20:00 часот на 07.09. 2019. Ве очекуваме.

30km Track

3 X 10km Relay Race