News

8ми Септември 2018г се одржува овогодинешниот Интернационален Атлетски Маратон Охрид

Иницијативниот одбор на здружение Охридски Атлетски Маратон 2012 и оваа година продолжува со традицијата Атлетски Маратон Св.наум-Охрид. Истиот во континуитет се одржуваше од 1976 година до 1993 година. Оваа манифестација прерасна од Општински, Сојузен па до Меѓународен Атлетски Маратон, бројот на учесници се зголемуваше од 4 до рекордни 150 учесници во 2017 година. Оваа година, покрај традиционалната 30-километарска патека, љубителите на трчањето можат да се пријават и на кратката 5-километарска патека. Ве очекуваме.

30km Track

5km Track

Интервју со Игор Јакимовски

Погледнете го првото видео од низата интервјуа кои ги приготвуваме за вас! Благодарност до Igor MC Jakimovski што одвои време да сподели со нас зошто Интернационалниот Охридски Атлетски Маратон има посебно место во неговото срце, и воедно да му посакаме среќа на следниот за него Јубилеен маратон кој ќе се одржи на 8-ми Септември.

ИГОРЕ, ТИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ! Нашиот маратон не би бил истиот без тебе! Со Почит, Здружение Охридски Атлетски Маратон.

Интервју со Славко Симоновски

Погледнете го второто видео од низата интервјуа кои ги приготвуваме за вас! Благодарност до Славко Симоновски маратонецот со најмногу учества на Охридскиот Интернационален Атлетски Маратон што одвои време да сподели со нас зошто баш овој Маратон парира на светско ниво и е Одличен за туризмот и воедно да му посакаме среќа на следниот маратон кој ќе се одржи на 8-ми Септември.

Славко, ТИ БЛАГОДАРИМЕ и ќе те бодриме со сето срце на 8ми Септември! Со Почит, Здружение Охридски Атлетски Маратон.

Интервју со Кокан Ајановски

Погледнете го третото видео од низата интервјуа кои ги приготвуваме за вас! Благодарност до Кокан Ајановски маратонецот кој заврши прв од Македонците на претходниот Интернационален Атлетски Маратон што одвои време да сподели со нас зошто овој Маратон му се допаѓа и го трча секоја година и воедно да му посакаме среќа на следниот маратон кој ќе се одржи на 8-ми Септември.

Кокан, ТИ БЛАГОДАРИМЕ и ќе те бодриме со сето срце на 8ми Септември! Со Почит, Здружение Охридски Атлетски Маратон.

Sponsors

Be a Part of Ohrid’s Oldest Athletic Maraton!